(ВИДЕО) Две жртви и двајца исчезнати во авионска несреќа во Њујорк

Мал авион од типот „Pipe PA31“ се урна во саботата по локално време во областа Лонг Ајленд, во американската сојузна држава Њујорк, при што две лица го загубиле животите а уште две други се сметаат за исчезнати, објави каналот CBS New York повикувајќи се на Крајбрежната стража.

„Мал авион се урна на еден километар од Индијан Вест Бич, Лонг Ајленд, Њујорк. Потврдено е дека станува за авион Piper PA31 во кој имало четири лица. Крајбрежната стража на Ист Хемптон извлече две тела, а двајца  и натаму се водат како исчезнати“, се наведува во соопштението на службата.

Се додава дека повикот за падот била примена во 14,50 часот по локално време, односно во 20,50 часот по македонско време, како и дека припадниците на Крајбрежната стража спроведуваат операција на пребарување и спасување. Според службата, станува збор за челнови од едно семејство и пријатели.