(ВИДЕО) Џулијан Асанж уапсен во амбасадата во Лондон

85

Основачот на Викиликс е уапсен во амбасадата во Лондон, каде што беше засолнет седум години.

Џулијан Асанж е уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што на основачот на Викиликс му беше даден азил во 2012 година.

Еквадор го повлече азилот што му го имаше доделено на Џулијан Асанж, објави претседателот на земјата.

Еквадорската влада одлучи „да го повлече дипломатскиот азил на Џулијан Асанж за повторено прекршување на меѓународните конвенции и протоколот за соживот“, рече денеска претседателот Ленин Морено во телевизиски говор.

Во соопштението на полицијата се вели: „Полицијата беше задолжена да ја спроведе потерницата, во име на судскиот совет на Вестминстер, и беше поканета во амбасадата од страна на амбасадорот, откако Еквадор го повлече азилот“.

Британскиот министер за внатрешни работи Саид Џавид рече: „Речиси седум години откако влезе во амбасадата на Еквадор, можам да потврдам дека Џулијан Асанж е сега во полициски притвор и заслужено е соочен со правдата во Велика Британија. Би сакал да му се заблагодарам на Еквадор за соработката и на полицијата за нејзината професионалност. Никој не е над законот“.

Новинарот и поддржувач на Асанж, Џон Пилгер, минатата недела ги повика луѓето „да ја наполнат улицата пред амбасадата и да го заштитат и да покажат солидарност со еден храбар човек“.

Американските власти никогаш не официјално потврдија дека поднеле обвинение за Асанж, но во ноември 2018 година една грешка во документ поднесен во неповрзан случај навести дека кривичната пријава можеби била подготвена тајно, вели Гардијан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.