19.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

(ВИДЕО) Џеј Ло се приклучи на секси предизвикот и веднаш стана хит

Џенифер Лопез и Алекс Родригез ги разменија облеките во новиот предизвик што ги зафати социјалните мрежи, а особено TikTok – Flip the Switch.

Родригез снимаше пред огледалото додека неговата славна вереница танцуваше со песната на Дрејк,  Нонстоп во тесен бел фустан со отворен грб. Потоа се појавува „ Switch“ и двајцата веднаш ги разменуваат своите облеки, по што бејзбол играчот останува во тесен фустан, а пејачката е во костум.

Лопез го објави видеото на TikTok во неделата, и го додаде во нејзините приказни на Инстаграм. „Чекај“, напиша таа со видеото што Родригез го сподели и на Твитер, каде има собрано над 3,3 милиони прегледи.

И американската сенаторка Елизабет Ворен се приклучи на предизвикот во текот на викендот, кога се појави во живо во саботата вечерта.