(ВИДЕО) Ејтон во последната секунда му донесе победа на Феникс санс

Феникс санс поведе со 2:0 во финалната серија во Западната конференција против ЛА Клиперс откако славеше со 104:103. Клучните поени на натпреварот ги даде Деандре Ејтон и тоа во последната секунда на асистенција на Џеј Краудер.

Целиот натпревар беше неизвесен, во првото полувреме најголемата предност на Феникс изнесуваше седум поени, додека Клиперси на стартот имаа шест поени предност. Идентична игра имаше во во второто полувреме, за во последната минута со поени на Пол Џорџ да поведат Клиперс со 100:101. Потоа во наредниот напад повторно Џорџ ја врати предноста на својот тим од 102:103, но последниот напад на натпреварот го имаше Феникс чиј двоец Ејтон-Краудер го имаше потегот на натпреварот за победа и водство од 2:0 во серијата.

Најдобар кај „сонцата“ беше Камерон Пејн со 29 поени, Деандре Ејтон даде 24, додека Девин Букер кој заработи повреда на носот, средбата ја заврши со 20 поени.

Кај ЛА Клиперс кој со наредните два натпревари ќе биде домаќин, најдобар беше Пол Џорџ со 26 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=F7B4SGybInU