(ВИДЕО) Еден Црногорец е убиен , а уште еден е повреден во престрелка во Амстердам

Еден Црногорец е убиен , а уште еден е повреден во престрелката во пицерија во центарот на Амстердам.

Во пукањето попладнево во пицерија во Амстердам, едно лице загина, а едно е повредено. Според српските медиуми, повреден е Јован Ѓуровиќ, брат на Лука Ѓуровиќ, еден од некогашните водачи на најсилниот црногорски клан кој загина во сообраќајна несреќа во 2013 година.

Во пресметка во Амстердам беше убиен Горан Савиќ, пријател на Ѓуровиќ, кој кога ги видел вооружените напаѓачи, скокнал пред Ѓуровиќ и со телото го заштитил од рафалот куршуми.

Савиќ е сопственик на пицеријата каде се случило пукањето.

„Тој скокна пред него како човечки штит“, рече еден очевидец.

Иако службите за итни случаи се обиделе да го реанимираат Савиќ, тој починал на местото на настанот. Ѓуровиќ се здобил со сериозни повреди и бил пренесен во болница.

Напаѓачите по пукањето избегале во сив Фолксваген со белгиски регистарски таблички. Холандските медиуми објавија дека возилото подоцна било пресретнато од полициски службеници и по драматична акција среде улица, уапсиле еден осомничен.

Ранетиот Ѓуровиќ е брат на Лука Ѓуровиќ кој би бил водач на најсилниот криминален клан во Бар. Тесно соработувал со Лука Бојовиќ , кој беше познат како прв човек на Земунскиот клан во Црна Гора.