Најмалки еден мигрант го загубил животот во неделата попладенто откако избувнал пожар во пренатрупаниот бегалски камп Морија, на грчкиот остров Лезбос, каде што потоа избил бунт и судир на имигрантите со полицијата што силно го вонемирило локалното нмаселение.
Мигрантите наводно се побуниле поради задоцнетото доаѓање на пожарникарите, рекол Авганистанец за агенцијата AFP.
„Пожарот избувна во кампот. Огнот зафати шест-седум контејнери (во кои се сместени мигрантите). Повикавме пожарникари кои дојдоа по 20 минути. Се разгневивме. Беше потребно доста време за пожарот да биде изгаснат. Околу половина час. Им помогнавме на луѓето ко ибеа во контејнерите“, рекол за агенцијата петнаесетгодишниот Федуз.
Портпаролот на невладината организација Лекари без граници (Médecins Sans Frontières – MSF) рекол дека едно лице го загубило животот.
Според некои медиуми, од засега непознати причини избувнале два пожара, едниот во близина на центарот за прием и идентификација, којшто бил брзо изгасен, другиот во внатрешноста, во којшто според медиумите, животот го загубиле една жена и едно дете, чии јагленосани тела биле пронајдени и пренесени во болница, а предизвикана е и материјална штета.
Бегалците и мигрантите со камења и предмети ги нападнале пожарникарите, отежнувајќи им ја нивната работа, а веднаш потоа избиле и инцидентите меѓу лицата сместени во прифатниот центар и полициските сили кои употребиле шок бомби и солзавец.
Засега, повредени се пет лица и пренесени во болница, без да постојат дополнителни информации.
Од грчката полиција соопштуваат дека силите на островот се засилуваат со испраќање полицајци, а за Лезбос заминува и началникот на полицијата и генералниот секретар за миграциска политика.
Управителите на Центарот за прием и идентификација на бегалци и мигранти, заедно со вработените го напуштиле центарот
По избувнувањето на безредијата полицијата употребила солзавец да воспостави ред во кампот, известива дописникот на AFP. Иако огнот во неделата квечерината бил изгасен, физичките судрири се заострувале, бидејќи некои мигранти се обидувале да влезат во протворот во кампот, пренесува грчката агенција ANA.
„Ситуацијата е тензична. Мештаните се испаничени. Настана хаос поради судирот. Автомобили се оштетени. Се слушнаа звуци како пукање. Можеби беше солзавец, не знам… Некои зборуваа за мртви, но не знам дали тоа е потврдено“, рекол жител на островот за порталот One Direct Weekend.
Кампот, во кој голем дел од имигрантие се сместени во контејнери за превоз на товари преправени во станбен простор, во моментов згрижува околу 13.000 луѓе, иако е предвиден за прифаќање на 3.000 лица.
Во Грција во моментов има 70.000 негалци, главно од Сирија, кој од 2015 година бегаат од нивните земји и тргнуваат на опасниот пат од бреговите на соседна Турција. Според договорот кој во 2016 година го потпишаа Брисел и Анкара, турските власти го намалуваат бегалскиот протисок врз Грција. Но последните месеци засилен е приливот на мигранти и беглаци врз грчкиот брег.