ВИДЕО: Еден од лидерите на украинските демонстранти пронајден претепан

Лидерот на протесното движење „Автомајдан“, Дмитро Булатов, кој исчезна на 22 јануари е пронајден претепан во селото Вишенка, недалеку од украинскиот главен град, Киев.

Информацијата, дека Булатов е најден се појави на Фејсбук страницата на пратеникот на опозициската партија „Баткившчина“, Јуриј Стец, а подоцна информацијата беше потврдена и од блиски на Булатов.

Порталот ТСН објави снимка од активист, на која се гледаат модринки по лицето на 35-годишниот маж додека зборува пред новинарите, дека бил грабнат и подложен на физичко насилство – го тепале, се обиделе да му го отсечат увото, се обидел дури и да го распнат крстот.

Тој вели, дека не знае кој го грабнал, но според неговите зборови, киднаперите говореле со руски акцент. По долго измачување го изнеле од просторијата каде го држеле, го однеле во Вишенка и го исфрлиле од автомобилот.

Претепаниот маж тргнал да бара помош во селото и тропал од вратите на куќите. На крај еден маж го примил. Од неговиот дом Булатов ги повикал пријателите кои го пренеле во Киев.

Булатов беше пријавен за исчезнат, откако неговите роднини и пријатели изгубиле секаква врска со него на 22 јануари. Тој еден од водачите на т.н. „Автомајдан“- движење на возачи кои учествуваат во протестот. Тој организираше спектакуларни акции пред резиденцијата на шефот на државата во предградието.

Во истовреме беше објавено дека украинскиот претседател Виктор Јанукович е во болница со висока температура, но продолжува со работа. Информацијата ја пренесе ИТАР ТАСС повикувајќи се на пратеничка од владејачката Партија на регионите, Ана Герман.

Јанукович има 39 степени температура, но кога бил повикан за вонредни кризни разговори во парламентот отишол. Потоа се вратил во болница, каде се наоѓа и во моментов.

Еден од украинските опозициски лидери, Виталија Кличко се сретнал со специјалниот претставник на ООН, Роберт Сери и со Хелга Шмид, заменичка на високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Кетрин Ештон, јавува ИТАР-ТАСС.

Тие разговарале за ситуацијата во Украина и евентуалното учество на ООН и ЕУ во процесот на наоѓање решение за кризата.

Претходно Сери се сретнал со претседателот Виктор Јанукович и в.д. премиерот Сергеј Арбузов.

Францускиот претседател Франсоа Оланд ситуацијата во Украина ја оцени како тешка и повика на најголема внимателност, јавува Франс прес. ЕУ треба да помогне во овој тежок период за Украина да ја возобнови својата економија, повика Оланд.

Тој потсети, дека предлогот кон поранешната советска република да потпише догоор за асоцијација во ЕУ се уште е валиден.

„Главната задача денес е да биде избегнат „црно, драматично сценарија“ во Украина“, изјави полскиот премиер, Доналд Туск.