(ВИДЕО) Еден повреден во експлозија во FedEx во Тексас, се трага по сериски бомбаш

Едно лице е повредено во вторникот во просториите на компанијата „FedEx“ во Тексас кога експлодирал пакет бомба чијашто дестинација бил градот Остин, соопшти противпожарната служба а полицијата по петтата експлозија на поштенска пратка од почетокот на март во оваа сојузна американска држава вели дека трага по осомнечен сериски бомбаш.

Пакетот експлодирал кусо по полноќ по локално време во просториите за дистрибуција на пратки во Шерец во Тексас, јужно од Остин во близина на Сан Антонио, пренесува The Washington Post. Засега не е е сигурно утврдено дали оваа експлозија е поврзана со серијата пакети бомби во тексашката престолнина во текот на последните три седмици. Во овие експлозии убиени се две лица, а четири се ранети.

Првата експлозија беше пакет бомба на 2-ри во североисточнот дел на Остин, кога загина 39-годишниот Стивен Хаус. Уште две пакет бомби експлидраа во јужниот дел на 12-ти март, кога загина 17-годишниот Драјлен Месјон а повредени беа уште две жени, од кои една беше неговата мајка. Четвртата експлозија го потресе југозапаниот дел на Остин во неделата, сериозно повредувајќи две 20-годишни момчиња кои се хоспитализирани.

Властите наведуваат дека првите експлозии биле пакети оставени преку ноќ пред куќните прагови на жртвите, но дека четвртата била иницирана со прекинувач поставен како замка.

„Оваа замка ги менува работите. Тоа е пософистицирана експлозивна направа, но не е насочена посебно кон некое лице…. дете одејќи по улица може да налета на неа“, вели Кристофер Комбс, специјален агент на Федералното биро за истраги (FBI) во Сан Антонио.

Шефот на полицијата во Остин, Брајан Менли, побара од жителите на Тексас да ја задржат присебноста и да ги контактираат властите откако ќе забележат сомнителни предмети и предупреди да не им се приближуваат, без разлика дали станува збор за кутии или вреќи.

„Јасно е дека имаме работа со сериски бомбаш. Мора да утврдиме дали зад ова стои одредена идеологија“, изјави Менли додавајќи дека не може да одговори на новинарските прашања за тоа дали инцидентите се квалификуваат како ткн домашен тероризам.

Претходно во своите изјави за медиумите Менли прецзираше дека станува збор за многу силни експлозивни направи и ги повика жителите на овој претежно студентски град да бидат крајно внимателни, но да не ѝ се препуштат на паниката. Ги предупреди граѓаните да не допираат пакети, доколку наидат на нив.

Локалните и федералните власти ја зголемија наградата за информаии кои ќе доведат до изведување пред правдата на одговорниот за бомбашките напади на 100.000 долари, доде Менли, а гувернерот на Тексас, Грег Абот, понуди и дополнителни 15.000 долари.

Американската полиција точно пред една седмица објави дека верува оти експлозиите на дотогаш трите пакет-бомби во градот Остин може да бидат расистички мотивирани злосторства. Ваквите сомневања се темелат на фактите што првиот пакет-бомба го уби 17-годишникот на адреса на којашто живеат и Афроамериканци. Вториот пакет-бомба експлодирал малку подоцна кога една 75-годишна Хиспаноамериканка го подигнала од прагот пред својот стан. Претходно оставен пакет-бомба, на 2-ри март на влезот во друга куќа во Остин, каде што, исто така, живеат Афроамериканци, убила еден 39-годишник.