Видео: Едвај ги прехранувала децата и на крај се изненадила на петок 13-ти

Келси Зак (24) од Детроит до неодамна морала да работи на две работни места, за да ги плати сметките и да ги прехрани нејзините две деца.

Меѓутоа, се се изменило еден петок 13-ти, кога медицинската сестра и привремено келнерка, искусила неверојатна среќа.

Таа тој несреќен ден купила добитно ливче и добила неверојатни 66 милиони долари!.

По првичната среќа, таа веднаш одлучила парите да ги потроши за да ја обезбеди иднината на својот син и ќерката на своето момче, па со дел од парите ќе се погрижи за нивното школување.

„Отсекогаш сум сонувала за син Форд Мустанг и еден ден ќе го купам, но да се обезбеди мирен живот за семејството е на прво место“, изјавила Келси.