(ВИДЕО) Едвај ја спасија откако падна во „домот“ на пандите

Во кинеска зоолошка градина дете падна во кафезот на пандите. За среќа, таа помина без тешки повреди.

Девојчето најверојатно ја прескокнало безбедносната ограда и се лизнала, а аматерско видео ја прикажува спасувачката операција.

Еден од вработен најпрвин се обиде да го повлече детето, но трите панди се насочија кон него, па тој речиси влезе во оградениот простор за да го спаси девојчето.