(ВИДЕО) Eкaсплозија на болјер во Белград – 11 повредени меѓу кои 3 деца

Во стан во зграда во Белград утрово во околу 6 часот експлодирал бојлер, при што 8 возрасни и три деца се здобиле со повреди.

-Бојлерот е нов, овде живееме веќе неколку години и никогаш ништо слично не се случило, велат станарките за српските медиуми.

-Огнот е изгаснат, пожарот локализиран, но внатре во зградата тешко се дише и се е мокро.Веднаш го контактиравме сопственикот на станот, овде живееме веќе 5-6 години и никогаш ништо слично не се случило. Бојлерот е нов, Вчера немавме вода, но бојлерот беше изгаснат, тврдат станарките, две девојки студентки кои со својата мајка живеат во тој стан.

Девојките спиеле кога настанала експлозијата, а од кревет ги станала првата детонација после која скокнале и успеале некако да стигнат до вратата и да излезат од станот после што следувала втора детонација.