(ВИДЕО) Експлозија и пожар во хемиска фабрика во Шпанија

Пожар избувна во вторникот во хемиска фабрика во североисточната шпанска провинцијата Тарагона, по силната експлозија соопшти вечерта покраинската каталонска агенција за цивилна заштита.

Електронските изданина на весниците El Mundo и La Vanguardia објавија дека четири лица се повредени, од кои едено тешко.

Каталонската противпожарна служба соопшти дека се спасени три повредени лица, како и дека на интервенцијата дошле дваесетина возила на итните служби.

Очевидци наведуваат дека експлозијата можела да се слушне на далечина од неколку километри. Видео-снимките на социјалните мрежи покажуваат оган и висок облак од чад над фабриката.

Агенцијата за цивилна заштита апелираше населението кое живее во билизина да не излегува од домовите и да ги затворат прозорците и вратите како мерка на претпазливост. Меѓутоа, додава дека „нема докази за појава на отровен облак“.

Дел од околните сообраќајници е затворен и по наредба на полицијата сопрени се локалните возови кои го повразуваат градот Тарагона со сосерниот Порт Авентура. Тарагона има 800.000 ќители, се наоѓа на 115 километри јужно од Барселона.