ВИДЕО| Експлозија во складиште за муниција на Крим

Во северниот дел од црноморскиот полуостров Крим експлодирало складиште за муниција, при што две лица се полесно повредени, пренесуваат во вторникот руските агенции повикувајќи се на властите во селото Мајское.

Засега не е позната причината за пожарот по кој сѐ уште се слушаат поединечни детонации на просторијата на магацините, поради што е извршена евакуација на локалното население. Според очевидци, на пожарот му претходел „силен тресок“.

Претходно во вторникот беше објавено дека се случил пожар на трафостаница на Крим оддалечена 20 километри од Мајское.

Украина засега официјално не го потврдува одговорноста за двете експлозии за кусо време на полуостровот кад доминантното руско население по прозападниот преврат во Киев во 2014 година со референдуми си ја врати укинатата автономија во 1990-те и одлучи да се врати во составот на Русија од кој е издвоена административно во 1954 година со декретот на тогашниот советски водач Никита Хрушчов, инаку етнички Украинец.

„Потсетник: Крим како нормална земја е – Црно Море, планини, рекреација и туризам но Крим кој го окупираа Русија е – експлозии на складишта и голем ризик од смрт за освојувачите и крадците“, објави на Twitter советникот на украинскиот претседател Михаил Подолјак во вторникот.

Минатата седмица на Крим, кој е историско седиште на руската Црноморска флота, исто така, се случија низа експлозии на муниција во воздухопловната база крај Новофедоровка, на западниот брег на полуостровот. Снимки од американските комерцијални сателити наводно покажуваа уништени неколку руски борбени авиони.

Руското министерство за одбрана овој инцидент го оцени како несреќен случај.