(ВИДЕО) Експлозија во зграда до училиште во Мадрид, неколку загинати и повредени лица

Најмалку две лица загинаа, а неколку се повредени во силната експлозија во зграда во центарот на Мадрид, на улицата „Толедо“ во главниот шпански град.

Според „Ел Паис“, експлозијата уништила неколку од повисоките спратови на зградата, а екипи на Брзата помош и противпожарната бригада веќе се на местото на несреќата.

Во тек е евакуација на минувачите и жителите на околните згради. Медиумите јавуваат дека локалното училиште е сериозно оштетено од експлозијата, а чадот што се гледа на видеата снимени на улица наводно потекнувал од старечки дом до зградата каде што се случила експлозијата.

-Според првичните информации експлозијата веројатно е предизвикана од истекување на гас во зградата, изјави градоначалникот Хозе Луис Мартинез-Алмеида пред новинарите на местото на настанот.

Агенциите јавија дека од силината на ударот шест ката од зградата одлетале во воздух.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.