ВИДЕО| Експлозија во зграда во Турција, повредени неколку лица

Најмалку шест лица се повредени во експлозија на котел за греење во станбена зграда во Шаниурфа во областа Акчакале во Турција.

Експлозијата се случила утрово, а од јачината се урнал таванскиот дел од подрумот, и се искршиле прозорците.

Повредените се пренесени во болница, но не се во животна опасност.
https://www.youtube.com/watch?v=4uYQBJQBOOE&t=4s