ВИДЕО Експлозија на гас на француски универзитет, тројца повредени

Три лица се повредени во експлизија на три плински боци и голем пожар кој избувнал потоа на покривот од зградата на универзитетот во францускиот град Лион, по што е евакуиран целиот кампус, пренесуваат во четвртокот француските медиуми.

Според телевизискиот канал BMFTV, на универзитетот се одвивале активности за херметизација, кога експлодирале неколку боци со плин, кои се наоѓале на терасата на последниот кат од универзитетската зграда, а потоа избувнал пожарот.

Службеничка на универзитетот изјавила дека слушнала силна експлозија а потоа две послаби детонации на покривот од зградата крај библиотеката во коај се наоѓаат хемиска и биохемиска лабораторија, каде што биле оставени гасните боци по работи на одржување.

Инцидентот се случи во 9 часот претпладнето, во кампусот Дуа, во Вилербане, предградие на Лион, а кон средината на денот пожарот бил ставен под контрола, соопшти противпожарната служба. Универзитетот на Twitter oбјави дека интервенцијата траела целото претпладне.

Снимките ставени на социјалните мрежи од страна на очевидци, прикажуваат експлозии и висок пламет, а пота густ црн чазд.

 

Универзитетот Лион 1 и неговиот кампус згрижуваат околу 800 лица. Кампусот го евакуирале пожарникарите. Причините за експлозијата сѐ уште се непознати.