(ВИДЕО) Ел Чапо доживотно во затвор

Мексичкиот крал на дрогата Хокаин Гузман Лоера алијас „Ел Чапо“, осуден е на доживотна казна затвор, пренесуваат светскте медиуми. Тој доби и парична казна од 12,6 милијарди долари, што ги заработил со криминалната активност.

 Со ова е завршена една од најбруталните и најозогласените  криминални кариери во модерната историја.„Ел Чапо“ има пратено стотици тони дрога во САД од Мексико и е лично одговорен за бруталната смрт на десетина луѓе.

Говорејќи пред судот да ја изрече казната, Ел Чапо рекол дека неговото заробеништво во САД било „психолошко, емоционално и ментално мачење 24 часа дневно“.

Ел Чапо рекол дека му е скратено праведно судење и дека неговиот случај бил „уништен“ со лошото однесување на поротниците.

Во текот на судењето обвинителите изнеле докази за бруталниот свет на мексиканскиот картел Синалоа и како Ел Чапо станал негов главен организатор, тргувајќи со илјадници килограми кокаин, хероин, марихуана и метамфетамини.