(ВИДЕО) Елен предизвика паника во салон за убавина

На островот Лонг Алјенд во американската сојузна држава Њујорк, елен упадна во салон за убавина, а видеото од несекојдневниот настан беше објавено во ABC7 Eyewitness News.

Животното влетало во просторијата, разбивајќи го излогот и скокнало на клиентка која седела на троседот на влезот во дукќанот. Таа добила удари со копитата.

Извесно време еленот се вртел низа салонот за унавина брајаќи го излезот и набрзо истрчал низ вратата.

Настраданата клиентка се здобила со полесни повреде на главата и нозете, но морала да побара медицинска помош.

Кога полицајците пристигнале во салото на повикот за помош, еленот веќе избегал.

Ова е втор инцидент кој го предизвикува елен во дуќан, откако на 1-ви октомври во познатато гратче Кортина Д’Ампецо во северна Италија, кога во локал во една од трговските улици елен предизвика голема вознемиреност влегувајќи во продавница за облека.

Како што објави весникот  il Gazzettino, сите обиди на продавачите да го истераат неканетиот гостин биле неуспешни, а била повикана полицијата. Полицајците, пак, побарале помош од вереринати, а по тричасовната „специјална операција“, животноро било успиено и однесено во блиската шума.

Сличен инцидент бил пријавен и во август, во планинското место Скано, кое се наоѓа на територијата на националниот парк во центарлна Италија. Таму на една од централните улоци среде вечерната променада на граѓаните, неочекувано се појавила голема кафена мечка, која тргнала кон локал за сладолер, но откако видело многу луше, животното се решило да се повлече, и овој инцидент минал без настрадани.