ВИДЕО| Елмaс и Несторовски стрелци во победата на Наполи над Удинезе

Елиф Елмас одново постигна гол во Серија „А“. Денеска Македонецот стрелаше против Удинезе и го постигна третиот гол за 3-0 водство на неговиот тим.

Откако прими една топка во трк, влезе во шеснаесетникот и постигна гол Инаку Елмас покрај голот запиша и асистенција, откако му асистираше на Осимен за првиот гол.

Ова ќе биде нова победа за Наполи, со која ќе се зацврсти на првото место на табелата. За Елмас ова беше третиот гол во сезоната.

Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски го постигна својот прв гол оваа сезона во Серија А, тој погоди против Наполи за намалување на 3-1.

Саксес убаво со гради му асистираше на Несторовски кој со полу-волеј постигна гол за намалување на 3-1