4 C
Skopje
недела, март 7, 2021

(ВИДЕО) Џенифер Лопез сосема гола во новиот спот

878

Пејачката Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави краток клип од своето ново музичко видео за песната In the Morning  и ги воодушеви обожавателите зашто се појавува целосно гола.

Таа најави дека видеото треба да биде јавно достапно во рок од 48 часа и дека едвај чека да го сподели со обожавателите.

“Видеото е преполно со симболика за мрачната страна на љубовната врска што оди само во една насока. Не можете да промените никого освен себе. Нека растат крилјата. Тргнете се од луѓето кои не знаат како да ве ценат”, рече таа.

Во клипот, можете да ја видите Џеј Ло гола со ангелски крилја на грбот. Нејзиното извајано тело го привлече вниманието на придружниците кои и испратија бројни комплименти.

“Јас сум без зборови. Ти си преубава”, напишал коментатор.„Ти си вистински ангел“, додал друг.„Како да не си од овој свет“, се согласил трет.

Џенифер не крие дека е крајно внимателна во однос на диетата и дека редовно вежба, па токму затоа на 52-годишна возраст ја воодушевува јавноста со својот изглед.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.