(ВИДЕО) Ердоган е првиот светски лидер кој погледнал во новиот руски стелт Су-57

Првиот странски лидер кој ѕирнал во кабината на најновиот руски ловец Су-57 бил турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Рускиот и турскиот претседател го посетиле отворањето на Меѓународниот саем за авијација и космичко истражување МАКС-2019 во московското предградие Жуковски.

Притоа, Путин на гостинот од Турција му ја покажал кабината на повеќенаменскиот Су-57.

Потсетуваме, Ердоган се наоѓа во еднодневна посета на Русија, каде ќе разговараат, пред се, за ситуацијата во Сирија.

Турскиот претседател рекол дека неговата земја ќе ја зголеми трговската размена со Русија од 25 на 100 милијарди долари.

Зборувајќи заедно со својот руски колега, Ердоган истакнал дека извозот на Турција во областа на одбраната и авијацијата достигнал 2,8 милијарди долари во 2018-та, како и дека технолошката соработка ќе ги продлабочи врските со Русија.

Претходните месеци, турското купување на рускиот систем С-400 предизвикало гнев кај Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна ги повикал сенаторите на разговор за воведување на санкции на Турција поради потегот, поради кој официјална Анкара е суспендирана од програмот за производство на Ф-35.