ВИДЕО| Ердоган: Земјотресите се како атомски бомби, бројот на мртвите над 40.000

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во вторникот дека минатонеделните земјотреси биле „со моќност на атомски бомби“, а новите податоци покажуваат дека бројот на загинатите во Турција надминал 40.000 луѓе.

Ердоган, исто така, дека стотици илјади згради не можат да се користат ширум Турција, додавајќи дека секоја земја би се соочила со истите последици како и Турција „доколку ѝ се случи таква катастрофа“.

Во Турција, инаку, опозицијата пред претстојните претседателски избори кои требаше првично да се одржат кон средината на мај, се обидува да го артикулира зголемениот бес на граѓаните кои сметаат дека лошото градење надвор од стандардите поради корупција се причина за уривањето на огромниот број згради и сходно на тоа и големиот број мртви.

Во меѓувреме се појави видео-снимка која открива како биле градени ѕидовите и столбовите на некои зградите кои се уриваа како кули од карти минатиот понеделник. Во остатоците од бетон се забележани пукнатини, каде може да се видат исечоци од весници и пурпена, што е јасен доказ што ги ослабнало столбовите на зградите во најпогодените места.

Претседателот Ердоган одговарајќи на критиките за ткн „градежни амнестии“ за малверзации во градежништвото, повремено носени во Турција уште пред ток да дојде на власт па и во време на неговите влади, рече дека е неопходно спроведување построга регулатива за градењето. Деновиве во Турција се врати старата практика по земјотресите веднаш да се приведуваат инвеститорите и градежниците кои учестувале во градење на објеките кои тешко настрадале и остануваат во притвор до завршување на истрагата.

„Урнатите згради се знак за владата дека се потребни построги правила и закони за градењето“, рече Ердоган и додаде дека неговата влада ќе ги продолжи работите на теренот сѐ додека и последното лице не биде спасено од урнатините.

Најновите податоци објавени во вторникот ноќта покажуваат дека во земјотресот загинале повеќе од 40.000, во Турција и Сирија. Во Турција бројот на загинатите е 35.418 луѓе, соопшти Ердоган, а во соседна Сирија според официјалните податоци има 5.900 мртви, а според неофицијалните црната бројка се движи околу 8.500 жртви.

Прво ноќта кон понеделникот 6-ти февруари, прво регионите во јужна Турција ги погоди земјотрес со магнитуда со 7,8 а неколку часа подоцна и вториот со магнитуда 7,6. Турската агенција за управување со катастрофи AFAD објави дека до денеска се регистрирани повеќе од 2.400 дополнителни земјотреси.

Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде многу поголем. Според процените на Обединетите нации, би можело да се зголеми на 50.000 и повеќе загинати. Станува сѐ помалку веројатно дека спасувачите би можеле да најдат уште преживеани под урнатините.

Без разлика на тоа, турските медиуми објавија дека во вторникот се спасени седум лица и по 200 часови минати под урнатините. Според податоците на државната новинска агенција Anadolu, најмалку 63 лица биле извлечени од урнатините помеѓу 141 и 209 часа поминати под рушевините во Кахраманмараш. Од нив најмалку 23 се деца до дваесет годишна возраст, додека највозрасниот спасен во овој период има 64 години.

Се проценува, исто така, дека поради големите оштетувања цели населби па и помали градови во погодената област во Турција ќе мора да бидат урнати и да бидат изградени одново. Во соседна Сирија, од истите причини, како и да се спречи во таквите тешко оштетени и несигурни објекти да се вратат луѓето поради многу ниските температури во текот на ноќта, таквите згради сосема се уриваат.

 

 

Add the video to your site with the embed code above