Вулканот Тунгурава еруптирал три пати, исфрлајќи пепел и лава кон небото, соопштија од Еквадорскиот геофизички институт.
Институтот соопшти дека две умерени експлозии вчера биле проследени со трета, со поголема моќност. Ерупциите исфрлиле осумкилометарска опашка од пепел над кратерот на вулканот, кој се наоѓа на 135 километри југоисточно од престолнината Кито.
Властите соопштија дека лавата достигнала до долниот дел на долината Ачупашал, блокирајќи го патот кон популарен туристички објект.
Тунгурава е активен од 1999 година. Во ерупцијата од 2006 година загинаа четири лица и две исчезнаа.