(ВИДЕО) Ескалација на насилството во Хонг Конг, запален маж

Еден маж е запален во немирите во Хонг Конг, каде полицијата претходно пукаше врз демонстрантите во текот на ескалацијата на насилствата во антивладините протести.

Запалениот човек е примен во болница во критична состојба, наведуваат агенциите.

Американските медиуми пренесуваат дека на социјалните мрежи се појавила видео снимка на која се гледа како мажот се расправа со група млади лица, пред некој од нив да го полее со некаква запллива течност и да го запали.

Медиумите пренесуваат дека неидентификуваниот и невооружен маж пред да биде запален извикувал „Вие не сте Кинези“.

Предходно во медиумите се појави и снимка од втор инцидент во кој полицаец пука во 21-годишно момче при судир со демонстрантите, кои рано утринава го блокираа метрото и другите градски улици.

Момчето беше примено во болница во критична состојба иако по операцијата веќе не е во животно загрозувачка состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.