Видео| Ескалира протестот пред Собранието, урната заштитната ограда

 

Демонстрантите кои го започнаа денешниот протест против францускиот предлог пред Владата, потоа маршираа до МНР и стигнаа вечерва пред Собранието, каде што ја урнаа заштитната ограда и застанааа пред кордонот полицајци.

Дел од граѓаните фрлаа петарди и разни предмети кон полицијата, а поголем дел од нив носеа маски на лицето. Се фрлаа факели, петарди, камења, шишиња и други предмети кон полицајците и кон прозорците на Собранието. Некои насилно влегоа на тревата пред Законодавниот дом. Се слушаат повици пцовки и навреди кон политичарите и се повикуваше на оставки на премиерот, претседателот, министерот за надворешни работи.