(ВИДЕО) Еуфоричен пречек на Бока Јуниорс во Мадрид

Играчите на Бока Јуниорс пристигнаа во Мадрид, а беа дочекани далеку поеуфорично отколку колегите од Ривер Плата.

Голем број обожаватели со транспаренти и шалови го поздравија тимот уште на аеродромот, а потоа и пред хотелот во главниот град на Шпанија.

Играчите на Бока беа добредојдени и од навивач кој се маскирал во Диего Марадона. Според него, „нема сомнеж дека Бока ќе го подигне седмиот куп на Копа Либертадорес”.