(ВИДЕО) Еурофарм Работник триумфираше над Веспрем во Сеха лигата

Битолската екипа приреди сензација ,го порази Веспрем со 26-24 и остана со максимален ефект после три меча  во деби сезоната од Сеха лигата.

Првиот гол на дербито во Битола беше постигнат падна дури во 4 минута за водство на Еурофарм, а од 15-та, македонската екипа понесена од одбраните на Никола Митревски влезе во извонреден рита. Македонскиот вицепрвак трипати во 17, 20 и 25 минута имаше „плус 5“, а на полувремето замина со изненадувачки 14:8.

Во вториот дел, Веспрем се врати во игра, а гостите стигнаа до 19:19 во 47 минута, но Работник не дозволи пресврт.

Јотиќ со  8 голови беше најефикасен кај битолската екипа ,Гајиќ со 9 кај гостите. Митревски  заврши со  12  одбрани. Еурофрам Работник се проби до врвот од Б групата со  9. бодови колку што има и  Веспрем. Унгарците имаат меч повеќе.Во  наредното коло од Сеха лигата ,Работник на 5 октомври гостува кај Загреб.

https://www.youtube.com/watch?v=qrr51fsbk4g