ВИДЕО: Еве што им прави војната на децата ширум светот

Британската организација „Save the children“ направила видео- снимка во која е прикажана стравичната пресвртница во животот на едно девојче од Сирија, земја во која што подолго време беснее војна.

Пораката на видео- снимката е „Бидејќи тоа не се случува тука, не значи дека не се случува“, а предупредува на страотната војна во Сирија, со која што е загрозен животот на повеќе милиони дечиња.

Видеото е сведок на тоа како војната го уништила среќното и безгрижно детство на едно девојче и што се случило со нејзиниот живот за само една година.

Инаку, според податоците на УНИЦЕФ, од војната се загрозени повеќе од пет милиони деца во Сирија. Над еден милион ги напуштиле своите домови, а повеќе од 10.000 се убиени.