30.8 C
Skopje
четврток, јули 7, 2022

(ВИДЕО) Евровизиската песна на Констракта хит на ромски свадби: Со неа сечат торта

Србија на претстојната Евровизија ќе ја претставува пејачката Ана Ѓуриќ Констракта која со песната „In corpore sano“ крена голема прашина во домашната, но и светската јавност. Сега се појави и видео од ромска венчавка, кое предизвика вистински метеж на социјалните мрежи, а во кое се гледа дека хит на венчавката е токму темата на Констракта ама во турбофолк фазон.

„Главниот виновник“ за оваа верзија е пејачот Слободан Батјаревиќ-Цобе кој пее додека младенците ја сечат свадбената торта на шест ката.

Како звучи верзијата на Цобе погледнете во продолжение, а колку за потсетување Констракта ќе пее во втората евровизиска вечер на 12 мај, кога ќе се претстави и нашата Андреа. Дотогаш уживајте во свадбарската верзија на „најздравата песна“…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.