(ВИДЕО) Фантастичен гол на Азар

Еден Азар мина многу тежок период во последнава година во редовите на Реал Мадрид и самиот ја прогласи својата прва сезона во престолнината како неуспешна, но денеска конечно дочека шанса одново да се најде во стартната постава и веднаш одговори онака како што му доликува.

Зинедин Зидан му даде шанса на Белгиецот од првата минута на местото на Винисиус Жуниор, а во натпревар во кој немаше многу темпо и динамика, главната разлика во првото полувреме ја направи токму Азар.

Еден прифати една топка на 30 метри од голот и потоа силно биеше со својата послаба лева нога и ја сместки топката зад грбот на голманот на Уеска.

Азар на овој начин стави крај на долгиот пост без погодок кој траеше точно 392 дена, а неговата мајсторија ги израдува сите играчи на Реал Мадрид кои експресно му честитаа уште на теренот.

Пред крајот на првиот дел, Реал поведе и со 2:0, а стрелец на погодокот беше Бензема.