(ВИДЕО) Фантастична партија на Јокиќ за водство на Денвер против Портланд!

Во НБА плеј-офот Денвер нагетс предводен од Никола Јокиќ го совлада Портланд на гостински терен со резултат 120:115 и така поведе со 2:1 во четвртфиналето на Западната конференција.

Српскиот кошаркар Јокиќ одигра уште една МВП партија која ја заврши со 36 поени, 10 скокови и пет асистенции. Воедно 26-годишниот центар постави нов клупски рекорд, стана првиот играч кој во првите плеј-оф натпревари по ред забележа 30 и повеќе поени.
На спротивната страна во редовите на Трејл Блејзерс доминираше Демијан Лилард со 37 поени.

Mилвоки е на една победа од пласман во полуфиналето на Источната конференција, во својот трет меч против Мајами славеше убедливо со 113:84. Прв стрелец за Бакси беше Мидлтон со 22 поени (осум скокови, пет асистенции), а кај Хитси Батлер имаше учинок од 19 поени (осум скокови, шест асистенции).

Денвер или Портланд во полуфиналето на Истокот ќе игра со подобриот од пресметката Феникс-Лос Анџелес лејкерс каде што „езерџиите“ моментно водат со 2:1.

За Лејкерси во синоќешната победа од 109:95 во „Стејплс центарот“ одличен беше Дејвис со 34 поени (11 скокови). Кај Санси „дабл-дабл“ учинок имаше и Ејтон со 22 поени и 11 скокови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.