(ВИДЕО) Федерер го совлада Ѓоковиќ за место во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон

Легендарниот Швајцарец Роџер Федерер во решавачкиот меч а место во полуфиналето на Мастерсот во Лондон извојува убедлив триумф над големиот ривал Новак Ѓоковиќ.

Федерер играјќи во транс за само 72 минути го совлада вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со 2-0 по сетови 6-4 и 6-3.

Со овој триумф швајцарскиот велемајстор обезбеди уште едно полифинале на завршните турнири. Рекордерот според бројот на освоени титули од Завршниот Мастерс во 40 меч против Ѓоковиќ ја оствари 23 победа со која на некој начин му се ревашнираше на српскиот тенисер за поразот во финалето на Вимблдон.

По денешниот пораз во тенискиот класик  Ѓоковиќ годината сигурно ќе ја заврши на второто место на АТП листата зад лидерот Рафаел Надал кој утре против бранителот на тронот во Лондон Александар Зверев ќе атакува на победа за место меѓу четворицата најдобри.

Засега сигурни полуфиналисти се двајцата најдобри од Груата Бјорн Борг, Федерер и Доминик Тим.