(ВИДЕО) Феноменалниот Меси му го намести 400-от гол на Суарез

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез го постигна 400 првенствен погодок во својата кариерa, а вкупно 192 за сегашниот клуб.

Каталонците поведоа уште во првиот дел на гостувањето кај Селта Виго, пред домаќинот да израмни. Сепак, она што го привлече вниманието беше поставеноста на одбраната при еден слободен удар на Лионел Меси.

Играчите на Селта, мислејќи дека ќе ги затворат приодите кон голот и ќе му ја отежнат работата не Меси, се наместија во необична формација за слободен удар, каде имаше и фудбалери на гол линијата.

  • Слободниот удар за предност на Барселона: 

Тоа не го спречи аргентинскиот виртуоз кој наместо да шутира ги изненади и маестрално го проигра Суарез, кој со глава реализираше.

https://twitter.com/RodrigoRomano76/status/1276899285284651008?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1276899285284651008%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fsportclub.mk%2Fluis-suarez-dojde-do-svojot-400-pogodok-vo-klupskiot-natprevari%2F