(ВИДЕО + ФОТО) Експлозија пред суд во Атина

Силна експлозија, која се слушнала на голема оддалеченост, предизвикала шок и вознемиреност меѓу жителите на Атина, јавуваат грчките медиуми во петокот утрото.

Полицијата информира дека околу 2,50 часот по локално време, непознато лице се јавило во редакциите на „Весникот на уредниците“ и на „Зунгла“, предупредувајќи дека за 40 минути ќе експлодира бомба во зградата на Апелацискиот суд.

По ова, припадници на полицијата го блокирале реонот околку судот и целосно ја испразнила зградата.

Полицијата соопшти дека смета оти станува збор за „чин на тероризам“, без да објави повеќе детали за причините за таквата оценка.

Од утрово на местото на експлозијата се води истрага за утврдување на видот на бомбата и за откривање на сторителите.

 

https://www.youtube.com/watch?v=kZHkrEoxHdw