ВИДЕО-ФОТО| Пожар во бараките спроти Тутунски Комбинат во Скопје

Претпладнево избувна пожар во близина на Тутунски комбинат спроти Управата за јавни приходи, информираа за МИА од бројот 112 за итни случаи.

Како што се дознава од очевидци, горат напуштени бараки и дел од продавниците кај „Рампа“. Противпожарните возила се на терен, а присутна е и полицијата.

Од таму велат дека најверојатно горат напуштени стари бараки и оти се известени сите надлежни.