(ВИДЕО) Француска пијанистка во 107-та година го издава шестиот албум

Колет Маз вели дека започнала да свири на клавир кога имала четири години, и оти во музијата ја пронашла топлината којашто ѝ недостигала во строгото родителско воспитување.

Денес, на возраст од 106 години, седејќи зад еден од четирите клавири во својот париски стан, сѐ уште ужива свирејќи ги Шуман, Дебиси и Шопен, и се подготвува да го издаде шестиот албум.

„Музиката е мојата храна, храна за духот и срцето“, вели за Reuters оваа ситна и витална жена, која е родена во 1914 година во семејство од средна класа. Строга мајка ја школувала дома, а таткото бил сопственик на фабрика за арско ѓубре.

Образованието го продолжила на парискиот конзерваториум Ecole Normale de Musique во 16-от арондисман, а потоа ја започнала долгата кариера на корепетитор во многу париски музички школи.

Вели дека за добрата состојба и еластичност на нејзините раце и прсти заслужни се јогата и секојдневното вежбање во својот апартман на 14-от кат од петнаесеткатница во близина на Ајфеловата кула.

„Ако престанам да сворам, ќе морам со нешто да ја исполнам фантазијата, но мене ми треба нешто што можам да го напипам, Вие можеби не можете без слатки, а јас не можам без типките на клавирот, моте прсти пора да ги почувствуваат“, вели Колет кој се подготвува наскоро да го издаде шестиот албум.

Тој е веќе снимен и би требало да се појави веќе во април, но пандемијата ги промени плановите и го одложи издавањето. Станува збор за дела на Клод Дебиси и Ерик Сетие.

Нејзинот син единец Фабрис Маз, роден 1949 година, вели дека неговата мајка е вдахновение за многу луѓе, особено во време на пандемијата на коронавирусот.

„Нејзината љубов кон музиката и другите го подигнува моралот. Таа и во 107-та година од животот е витална, во добра форма е и постојано свири, На тој начин ни порачува дека за она то го правите мора да имата страст, а истовремено мора да водите сметка за себе. Нејзината љубов кон животот и смислата за хумор на луѓете им измамува насмевки на лицата“, вели Фабрис.