(ВИДЕО) Француските новинари и „Жолтите елеци“ на протести против новиот закон за безбедност

Новинари, припадници на граѓанското протестно движење „Жолти елеци“ и повеќе илјади други луѓе притестираа во саботата ширум Франција против законот кој забранува злонамерно објавување снимки на полицајци, а за кои демонстрантите тврдат дека ги крши начелата на „слободата на изразувањето и правната држава“.

Парискиот плоштад Трокадеро со славниот Форум за човекови права во саботата беше преполн со демонстранти со силно присуство на полициски сили пренесува агенцијата AFP. Протестот започна рано попладнето, во организација на синдикатите на новинарите, и на почетокот беше мирен. Беа истакнати паролите како „Не за предлог-законот ‘За глобална безбедност’“, „Кој ќе нѐ заштити од полицијата?“. Всушност демонстрантите го осудуваат членот 24 од предлог-законот, истакнувајќи дека тој ја „отвора вратата за полициска бруталност“.

Два часа по почетокот на протестот во Париз, ситауцијата започна да ескалира. Некои од демонстрантите, како што пренесуваат медиуми, претежно млади луѓе започнале да префрлаат камења и шишиња кон полицајците, скандирајќи „Сите ја мразата полицијата“, на што било одговорено со водени топови.

Во цела Франција одржани се двесетини протестни собири во саботата. Во Лил, на северот од земјата, се собрале илјада лица кои носеле транспаренти на кои, меѓу другото, пишувало „Орвел беше во право“. И во Рен, на францускиот запад, исто така, се собрале околу илјада луѓе, како и во Монпелје, на југот, со паролите „Спуштете го оружјето, па ќе ги спуштиме нашите мобилни“.

Француското Народно собрание во петокот го усвои ткн закон за „глобална безбедност“, во кој спорен е членот 24 кој го регулира објавувањето на снимките на кои се полициски службеници. Со овој закон се одредува една година затвор и парична казна од 45.000 евра за покажување „слика на лице или друг елемент за идентифиација“ на полицаец или жандарм во тек на интервенција „со очигледна цел да му се наштети на неговиот физички или психички интегритет“.

Законот, инаку, е проследен и со амандман со кој се гарантира правото на информирање и прецизира дека оваа мерка не може да го наруши правото на информирање.

Документот предизвика остри критики од страна на франциските новинарски здруженија. Медиумските работници стравуваат дека доколку законот биде потврден и официјално, тоа ќе наштети на сободата на говорот, бидејќи ќе биде невозможно да се снимаат постапките на припадниците на безбедносните служби, на пример, во текот на демонстрации. Владата, пак, уверува дека законот го гарантира ова право.

Спорниот амандман и можното користење дронови во текот на протести и препознавање лица со помош на надзорните камери го вознемирија медиумите, кои во тоа ја гладаат опасноста за своето непречено известување. „Демократијата умира во темнината“, пишуваше на транспарентот на онлајн дневното издание Mediapart во Париз.

„Нѐ загрижува постепениот пад на правната држава кој изгледа води во полициска држава“, критикуваше адвокаткаа Арие Алими, челнка на националното биро на Лигата за човекови права на прес-конференцијата одржана заедно со организацијата Amnesty International и новинарските синдикати.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.