(ВИДЕО) Француските власти не исклучуваат опасност од загадување на Сена порaди пожарот во хемиската фабрика

Префектот на францискиот департмент Сена-Маритим, ПјерпАнде Дуран не исклучи дека пожарот кој избувна во текот на ноќта кон четвртокот во хемиската фабрика „Lubrizol“ во градот Руан, може да доведе до загадување на реката Сена.

„Доколку постои ризик од загадување на Сена, а тоа не може да се исклучи, ќе ги преземене неопходните мерки“, изјави Дуран за телевизијата BFMTV.

Претходно во раните попладневни часови властите на регионот известија дека пожарот во фабриката во северна Франција, пожарникарите успеале да го локализираат, но дека сѐ уште не е целосно изгаснат. Со огнот се справуваат околу 200 пожарникари, а засега нема информации за жртви, пренесува AFP.

Пожарот избувна ноќта во складиште на фабриката „Lubrizol“, која произведува и пакува нафтени адитиви, масла и индустриски бои, околу три километра од самиот центар на градот и прочуената катедрала во Руен. Изградена во 1954 година, фабриката е внесена во категоријата Seveso, што значи дека локацијата е под посебен надзор на надлежните органи поради употребата на потенцијални опасни сировини. Станува збор за ознака во Европската унија за складиштата на големи количества опасни супстанции. Во јануари 2013 година од истата фабрика истече гас чија тешка реа се пришири сѐ до областа на Париз и југот на Германија. „Lubrizol France“ во 2014 година мораше да плати казна во износ од 4.000 евра.

Околу фабриката е воспоставен полициски кордон, како една од мерките за заштита на населението. Освен за жителите на Руен, властите побараа и жителите на 11 околни општини да останат во своите домови. Училиштата, исто така, беа затворени.