(ВИДЕО) Фудбалска тепачка: Луд крај на натпреварот меѓу Гремио и Интернационал кој резултираше со дури осум црвени картони

41

Во Јужна Америка која во моментов и не е толку погодена од коронавирусот во тек е второто коло од најелитното тамошно фудбалско натпреварување, Копа Либертадорес.

Доцна синоќа се сретнаа вечните ривали од Бразил, Гремио и Интернационал, а овој натпревар не понуди многу фудбалски возбудувања.

И покрај тоа, снимки од средбата го обиколија цел свет. Фудбалерите на двата тима направија невиден хаос и масовна тепачка пред самиот крај на средбата, по што главниот судија мораше да ја смирува ситуацијата со што додели дури осум жолти картони.

Целиот хаос траеше нешто повеќе од седум минути кога конечно се смирија страстите, па натпреварот беше завршен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.