ВИДЕО| Функционерите на Данела Арсовска физички малтретираат вработени во „Водовод“?!

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави видео снимка за која се тврди дека е од јавното претпријатие „Водовод и Канализација“, а на која се гледа како еден човек удира друг со тупаница во стомакот.

Според објавеното, напаѓачот е шеф на кабинет на новиот директор Марјанчо Митовски, во постот опишан како „Јовче Куварот“. Инаку, новиот директор на скопски „Водовод и Канализација“ беше поставен пред околу една недела од градоначалничката Данела Арсовска.

Марјанчо не знае кај тера. Водовод е единствена фирма со двајца шефови на кабинет, Јовче куварот од прв ден сее страв и мава недолжни луѓе по ходници/лифтови! Данела свесно ја уништува фирмата со несоодветни кадри, се вели во постот објавен на „Фејсбук“. 

Видеото од инцидентот е преземено до „Фејсбук“, а може да се погледне и ТУКА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.