(ВИДЕО) Георгиев: Тоа што Борисов го нарече Пендаровски „северномакедонски претседател“ е ситница

Заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија, Горг Георгиев, смета дека е „ситница“ тоа што бугарскиот премиер Бојко Борисов го нарече Стево Пендаровски „северномакедонски претседател, откако македонскиот премиер Зоран Заев, по изјавата на Борисов дадена во Сараево најави дека ќе има реакција со дипломатска нота.

Георгиев, во гостување на бугарската ТВ „Канал 3“, на прашање на водителот, изјави дека таа ситница не треба да биде нагласувана, ако се има предвид огромната заложба и напорите кои Бугарија ги вложува за што побрза евроатланска интеграција на С.Македонија.

Околу личноста на Гоце Делчев, Георгиев вели дека Бугарија нема да отстапи во спорот за историската вистина за Гоце Делчев,

„Зборуваме за историска личност која е со неспорно потекло и како што Бугарија постојано подвлекува, со потполно неспорна припадност кон бугарскиот народ. Тоа што во одредено време се правеа некои интерпретации, не значи дека ние ќе отстапиме од своите интереси и своите позиции за кои многу пати зборуваа министерката за надворешни работи Захариева и премиерот Борисов. Тоа истото ќе го каже Ви го каже секој Бугарин“, вели Заменикот на министерката Екатерина Захариева.