(ВИДЕО) Германија торпедирана од Холандија за едно полувреме 2-4

Германија во последните две години не може да се пронајде себе си со резултатите кои ги бележи. Иако тимот претрпе многу измени во играчкиот кадар, Лев се одлучи да се откаже од неколкумина играчи, сепак, нема подобрувања во таборот на некогашниот светски првак.

Вечерва како домаќин во Хамбург, Германија прими дури четири гола од Холандија, и тоа за едно полувреме, губејќи го мечот со 2:4. Германците на полувремето водеа 1:0 со голот на Гнабри.

Во второто полувреме Холандија направи пресврт со головите на Де Јонг и Тах (автогол), но Германците преку Крос се вратија во игра за 2:2. Сепак, „лалињата“ процветаа во финишот кога Мален во 79-та минута даде за 2:3, а сите надежи на момците на Лев ги урна Вијналдум. Во текот на мечот двете селекции имаа шанси за уште некој гол.

Хрватска го одигра својот најдобар меч по СП 2018 во Русија, на гостински терен декласирајќи ја Словачка со 0-3. „Коцкестите“ и без помошта на Ракитиќ и Крамариќ одиграа извонреден меч во Трнава, промашувајќи три зицери (двапати ја погодуваа гредата) пред Влашиќ да го отвори резултатот во самиот финиш од првото полувреме. На 0-2 беше зголемено преку Перишиќ на почетокот од вториот дел, на 0-3 зголеми Петковиќ, а конечните 0-4  Дејан Ловрен.

Резултати евроквалификации:

Австрија – Летонија 6-0, Словенија – Полска 2-0, Сан Марино – Белгија 0-4, Кипар – Казахстан 1-1, Естонија – Белорусија 1-2, Германија – Холандија 2-4, Словачка – Хрватска 2-3, Шкотска – Русија 1-2 и Велс – Азербејџан 2-1.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.