(ВИДЕО) Германија: Цариниците запленија кокаин вреден милијарда евра

Цариниците во Хамбург денеска заплениле 4,5 тони кокаин , вреден околу една милијарда евра.

Ова е најголема заплена на дрога во историјата на Германија. Пред два дена цариниците разгледале сомнителен контејнер, што стигнал од гавниот град на Уругвај, Монтевидео, со крајна цел до белгиското пристаниште Антверпен.

Во документите пишувало дека е натоварен со соја, но наместо тоа, цариниците нашле 220 црни спортски торби со 4 200 пакети кокаин.

,,Ова е најголема поединечна заплена на дрога во Германија.” , се наведува во соопштението на царината.

Полицијата покрена истрага за да се открие кој требало да го преземе кокаинот.

Дрогата била уништена во Хамбург според сите правила и безбедносни стандарди, се додава во соопштението на царината.