(ВИДЕО) Германската полиција го чува Навални – „од страв од ново труење“

35

Бројно германско обезбедување го следело рускиот блогер и опозициски лидер Алексеј Навални во Берлин „од страв од ново труење“, а една од неговите прошетки била прикажана на видеото од неделната емисија „60 минути“, објавена од американската телевизија „Си-Би-Ес“.

Телевизијата објави видео во кое Навални ја држи за рака сопругата Јулија, додека тие одат покрај Бранденбуршката порта во Берлин. Исто така, може да се види дека тој е придружуван од телевизискиот дописник Лесли Стол и тројца мажи во цивилна облека, а на одредено растојание го придружуваат најмалку девет лица во полициски униформи.

Лесли Стол со видеото објаснува дека Навални го чуваат германските власти „од страв од ново труење“.

„Голем број полицајци го опкружуваат каде и да оди“, рекла таа во интервју за нејзиниот канал непосредно пред емитувањето.

На прошетка, Навални разговарал со дописничка со маска, додека Навални и неговата сопруга не носат.

„Треба да се бориме против овие луѓе затоа што тие никогаш нема да запрат. Ќе отрујат некој друг“, рекол рускиот опозиционер откако тврдел дека тој наводно бил отруен од руската влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.