Во саботата климатските активисти од движењето Letzte Generation (Последното поколение) спроведоа неколку акции на германските аеродроми, а во монденското летувалиште на островот Зилт се залепија за крилата на приватен авион.
На островот Зилт во Северното Море, активисти упаднаа на пистата и се закачија за приватен авион и за самата писта. На објавеното видео на платформата Х се гледа како припадник на обезбедувањето се обидува да ги оддалечи активистите од авионот.
Според соопштението на аеродромската управа, авиосообраќајот не бил загрозен или во прекин.
На веб-страницата на движењето беше објавено дека е „апсурдно“ приватни авиони да сообраќаат секојдневно меѓу Зилт и градови како Минхен, Франкфурт или Дизелдорф. Тоа се градови кои во Германија се познати како градови во кои живеат натпросечен број богати луѓе.
Во исто време, акции биле спроведени на аеродромите во Штутгарт и Дортмунд, но тамошните активисти не успеале да дојдат до пистите, туку протестирале во зградите на терминалот.
Во последните седмици членовите на Последната генерација го блокираа сообраќајот на аеродромите залепувајќи се за слетно-полетните писти. Членовите на тоа движење бараат од германската влада да ги зајакне мерките што ќе доведат до крај на употребата на фосилни горива во Германија до 2030 година.
Германската влада ги критикуваше протестите на климатските активисти кои со блокадите на сообраќајниците ги загрозуваат другите луѓе, откако во 2022 година во текот на протестот возилото на итната медицинска помош, поради блокадата, не успеало да дојде до местото на несреќата во која мешалка за бетон прегазила 44-годишна жена која возела велосипед.
Климатските активисти од „Последното поколение“, кои стојат и зад акциите за валкање на уметничките дела во музеите и блокирање на сообраќајниците во големите германски градови, ги отфрли обвинувањата и тврди дека медицинското возило кое требало да помогне на местото на несреќата не дошло навреме затоа што возачите заглавени во блокадата не формирале слободна ткн „спасувачка лента“, преку која во случај на застој во сообраќајот минуваат возилата на итните служби и на полицијата.
++ Die Menschen, die für die meisten Emissionen verantwortlich sind, müssen auch endlich Verantwortung übernehmen ++
— Letzte Generation (@AufstandLastGen) August 10, 2024
➡️ Dafür waren Unterstützer*innen der Letzten Generation heute auf dem Sylter Flughafen.
(1/5) pic.twitter.com/FLEgfCsgEh