ВИДЕО: Го мамела со шестмина – и се одмазди на најлош начин

Откако Дерил од Охајо во својот мијалник нашол чинија со остатоци од житарки, се запрашал дали некој спиел во неговиот кревет.

Имено, неговата девојка Никол со која е во врска пет години не јаде ништо што содржи глутен, па така ниту житарки.

Дерил не можел да не се посомнева и да го игнорира лошото претчувство па решил да го пробие профилот на неговата девојка на Фејсбук додека таа со другарка била на концерт на Тејлор Свифт.

Имал и што да види, Никол го измамила со шестмина негови пријатели!

Меѓутоа, успеал да го совлада гневот и не и кажал веднаш се што дознал. Сакаше да и се одмазди, а за помош му се обратил на раперот Мак Летал која за него направи видео.

Мек рапувајќи на песната на Тејлор Свифт “Blank Space” открил дека Дерил знае сѐ, со кој се Никол го мамела и кога го сфатил тоа, а на крајот и Никол и ја пренесе пораката – тој ја остава неа!