(ВИДЕО) Гоце Делчев за Заев стана најголем јунак за борба против слободата

Гоце Делчев е нашата историја, нашиот најголем јунак за борба против слободата, за борба против…, за социјални правдини, рече Зоран Заев, лидерот на СДСМ на трибината денеска во Куманово, објави ПлусИнфо.

Овој гаф на лидерот на СДСМ не помина не забележано од сеирџиите на социјалните мрежи, видеото за кратко време има повеќе од 150 споделувања.