ВИДЕО: Гол маж скокна во автомобил кој го возеше жена

Гол маж скокна во автомобил на жена, откако претходно малку се прошета како од мајка роден.

Човекот се прошета гол низ Далас, а потоа реши да скокне во автомобил со кој уравувала жена. Тој успеал да влезе преку сончевиот покрив на автомобилот.

Несекојдневниот настан со својата камера случајно го забележал Маркус Пајен кој од прозорецот на својот дом имал поглед кон се што се случувало.

Жената раскажала дека мажот влегол во автомобилот сосема гол и ја нападнал.

По настанот тие со автомобилот се забиле во ограда, при што е предизивкана штета од  околу 3 илјади долари.

Човекот бил уапсен и одесен во болница. Се претпоставува дека бил под дејство на наркотици.