(ВИДЕО) Голден стејт славеше над Мемфис за финале на Западната конференција

Кошаркарите на Голден стејт славеа над Мемфис со 110:96 и се пласираа во финалето од НБА плеј-офот на Западната конференција.

Вориорси така дојдоа до 4:2 во серијата и во финалето на Западот ќе играат со победникот од дуелот Феникс – Далас (3:3).

За Голден стејт доминираа Клеј Томпсон со 30 поени (осум скокови) и Стеф Кари кој запиша 29 поени, седум скокови и пет асистенции.

Кај Гризлис се истакна Дилон Брукс со 30 постигнати поени, а пет коша помалку имаше Дезмонд Бејн.

Бостон израмни на 3:3 во полуфиналето на Истокот против Милвоки. Најзаслужен за победата на Селтикси беше Џејсон Тејтум со 46 поени (девет скокови).

Одлична партија за Бакси имаше грчкиот интернационалец Јоанис Адетокумпо од 44 поени, 20 скока и шест асистенции, но тоа не беше доволно да се спречи третиот пораз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.