ВИДЕО| Голем пожар беснее во Чешка, целата земја е во чад

Од неделата горат делови од националниот парк Боемска Швајцарија, кој се наоѓа на германската граница, јавува Би-Би-Си.

Поради силниот ветер чадот се шири низ цела Чешка. Уништени се куќи, а мирисот на чад стигнал до Прага, која се наоѓа на 100 километри јужно од пожарот. Чадот стигнал и до областа Пардубице, 180 километри југоисточно од националниот парк Боемска Швајцарија.

Пожарот уништил површини од шума и куќи во селото Менца, а стотици пожарникари се борат со огнот. Пожарот го загрозил и блиското село Хренско во близина на германската граница, па десетици луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови. Трите екипи од Германија кои помогнале во гаснењето на пожарот подоцна отишле на германската страна на границата бидејќи огнот подоцна почнал да се шири таму.

Туристите се повикани да ја избегнуваат областа бидејќи е зголемена тревога околу Бад Шандау во Националниот парк Саксонска Швајцарија. Пожарникарите биле преплавени со повици за чад и ги повикаа чешките жители да не контактираат со нив доколку не видат пламен. Вината за пожарот е човечко невнимание, јавува Би-Би-Си.

Чешките хеликоптери ги полнеле резервоарите со вода од реката Елба пред да тргнат да го изгаснат пожарот. Покрај пожарникарите од Германија, на помош на чешките пожарникари дошле и колеги од Словачка, Полска и Италија. Од неделата, стотици луѓе ги напуштиле своите домови.

Нема извештаи за повредени во пожарот. Националниот парк Боемски Швајцарија е популарна туристичка атракција и е прикажан во бројни филмови, меѓу кои и „Хрониките на Нарнија“.